Ширум Европа, секоја година кај околу 60.000 жени се развива рак на грлото на матката, 30.000 умираат од тој рак, а повеќе од 225.000 жени живеат со оваа болест (во фаза на лечење или не). Сите овие случаи на болест и смрт, односно голем дел од случаите на рак на грлото на матката би можеле да се спречат со програмите за скрининг и вакцинација.
Главната улога на ICCPA е кревањето на свеста за оваа болест и што може да се направи за да се спречи. Оваа страна е една од нашите комуникациски средства и се надеваме дека ќе ви биде корисна.